Skip to main content
Хроника

Тетовец лажно пријавил грабеж, а наводно украдените предмети ги дал на друго лице

11/02/2025  18:05

Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против 47-годишниот А.А. од Тетово поради сомение дека лажно пријавил кривично дело.

„На 10.12.2024, пријавениот лажно пријавил кривично дело „кражба“, а наводно украдените предмети всушност ги дал на друго лице“, се вели во билтенот на МВР.