Skip to main content
Хроника

Тетовец изнајмил рент а кар возило па го продал

18/06/2026  14:57

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Д.(29) од с.Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување” и против Х.И.(20) од Скопје за „помагање”. Во декември 2025 година, првопријавениот склучил договор за изнајмување на патничко возило за период од 17.12.2025 до 05.01.2026 од рент-а-кар фирма и не го вратил возилото откако истекол рокот.

На 25.12.2025 во с.Желино, второпријавениот се сретнал со првопријавениот и со закана му го одзел изнајменото возило, а потоа го продал на трето лице.