Skip to main content
Хроника

Тешко повреден работник во фабрика – итно пренесен во болница

05/03/2025  16:32

На 04.03.2025 во 09.50 часот во ОВР Кавадарци, од Општа болница Кавадарци било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.М.(55) од Неготино.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фабрика во Кавадарци.

За настанот биле известени јавен обвинител и трудова инспекција, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.