Skip to main content
Македонија

Тешко повреден работник на автопатот во градба Охрид-Кичево, му паднала бетонска цевка на ногата

29/04/2026  15:24

На 28.04.2026 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид со тешки телесни повреди на ногата бил донесен П.С.(36) од с.Мороишта, струшко.

Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи за градежна фирма од Струга на автопатот во изградба Охрид-Кичево, односно при утовар-истовар на бетонски цевки паднала една цевка и го повредила.

Увид на местото извршиле екипа од СВР Охрид и трудов инспектор.