Skip to main content
Хроника

Тешко повреден пешак од Гостивар, со возило го удрил сограѓанин

26/01/2025  15:31

На 25.01.2025 во 20.40 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на булевар „Браќа Ѓиноски” во Гостивар, патничко возило „фолксваген поло” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Ф.(26) од Гостивар, удрило во пешакот М.С.Р.(48) од Гостивар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С.Р., констатирани во Ургентен центар во Гостивар.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.