Skip to main content
Хроника

Тешко повреден мотоциклист, удрил во паркирано возило

06/09/2025  14:36

На 05.09.2025 во 16:37 часот во ОВР Кочани, било пријавено дека на ул. „Роза Петрова” во Кочани, 21-годишниот К.С. од с.Оризари, кочанско, управувајќи мотоцикл „хонда”, удрил во паркирано патничко возило „опел” со штипски регистарски ознаки, паркирано од О.Г.(55) од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кочани.