Skip to main content
Хроника

Тешка несреќа во Кавадарци: Моторџија се излизгал на крстосница

03/05/2025  15:48

23-годишен мотоциклист од Кавадарци е тешко повреден откако со мопед се излизгал на крстосница во градот, во моментот кога крстосницата ја поминувал џип кој го возел 74-годишен жител на градот, соопшти МВР.

„На 02.05.2025 година во 16:45 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на крстосницата од улиците „Ресавска“ и „Народен Фронт“ во Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа во која мопед марка „Хамачи“ со кавадаречки регистарски таблички, управуван од Д.Ѓ. (22) од Кавадарци, се излизгал на патот во моментот кога крстосницата ја минувало патничко возило „Ланд ровер“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(74), исто така од градот. Во несреќата, од падот Д.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од екипа од ОВР Кавадарци“, велат од полицијата.