
Во тешка несреќа со трамвај загина најмалку едно лице а 39 се повредени во Милано. Несреќата се случила во 16:00 часот во северниот дел на Милано.
Трамвајот излетал од шините и удрил во зграда. Се верува дека загинатиот е пешак, додека повеќето повредени се патници од возилото. На местото на несреќата интервенирале бројни екипи на итна помош, а има и информации за лица заробени во остатоците од трамвајот. Цивилната заштита поставила шатори за да им обезбеди помош на повредените.
Очевидци опишуваат моменти на ужас: „Мислев дека е земјотрес. Седев и одеднаш паднав на подот, како и другите патници“, раскажа еден маж за агенцијата Анса. „Беше страшно.“
„Само слушнав ужасен тресок“, изјави 27-годишната Ана која се наоѓала во близина. „Видов дел од трамвајот како влегува во продавница.“
Причината за несреќата сè уште не е позната, но медиумите шпекулираат дека возилото можеби влегло со преголема брзина во остар свиок. На местото пристигнале и градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, и други градски службеници. објави Скопје1.мк


