Skip to main content
Хроника

Тепачка и престрелка во Ченто

25/04/2026  15:34

На 24.04.2026 во 23:00 часот М.С. од Скопје пријави дека околу 19:00 часот на подрачјето на населбата Ченто пријавителот, А.Т. и Р.Т. по претходен договор се сретнале со Н.С. и Е.Ќ. Потоа Н.С. физички го нападнал М.С. и вперил пиштол кон него, но истиот бил закочен.

Тројцата оштетени со трчање се оддалечиле од местото, но Е.Ќ. со тврд предмет трчал кон нив, а Н.С. кој бил со возило во движење испукал куршум кон М.С. но не го погодил, по што заедно со Е.Ќ со возилото го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.