Skip to main content
Магазин

Теа Таировиќ се мажи – свадбата ќе чини 100.000 евра

16/04/2025  19:55

Пејачката Теа Таировиќ наскоро ќе го каже судбоносното „да“ на својот партнер и соработник Иван, со кого веќе долго време ужива во хармонична врска.

Свадбата ќе се одржи во строга тајност, надвор од Белград, а пејачката ги поканила само своите најблиски роднини, пријатели и одбрани колеги.

Локацијата што ќе ја избрале идните младенци е на островот Рибарски во Нови Сад, поточно во Барон Кастел, магична локација за свадби и прослави.

Според пишувањата во локалните медиуми, свадбата ќе ги чини младенците околу 100.000 евра и сè ќе биде во „боите на луксузот и елеганцијата“.

За медиумите проговори и нејзината мајка Божица, која не сакаше премногу да навлегува во детали за сè, но јасно е дека ја поддржува наследничката.

– Гледај, таа е навистина млада девојка и можеби е време навистина да се омажи, зошто би било тоа чудно. Секако сум за, кога станува збор за нејзиното момче, рече кратко таа, наведувајќи дека го поддржува сегашното момче на нејзината ќерка да стане нејзин зет.

Инаку, пејачката и нејзиното момче уживаат во голема љубов повеќе од две години, а се запознале за време на снимањето на спот за песна на Теа во 2023 година, кога пејачката работела на својот втор албум.

Нејзиното момче почна да работи за неа минатата година како обезбедувач.