
Таткото на тапанарот Ѓорѓи Ѓоргиев кој загина во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, објави на социјалните мрежи дека гробот на неговиот син бил ограбен 14 пати.
Во видео што го објави, се гледа како една жена краде цвеќиња од гробот.
„14 кражби на нашиот ангел и ден денес не го оставаат гробот на мојот син.Не знам со какво срце и душа се уште крадат од гробот. Да ми си здрава и жива тетке која ли да си и да ти се здрави и живи децата“, напиша тој.
