Skip to main content
Македонија

Таткото на момчето кое почина во Литванија: Во болницата ми рекоа погрешен начин на третирање првично

29/04/2025  14:41

Протестот на семејствата на загинатите деца во пожарот во Кочани продолжи пред Собранието, а таму емотивен говор одржа и таткото на загинато момче кое почина лекувајќи се во болницата во Литванија.

“Одам во Литванија мислејќи дека ќе се подобри, а доктори од тамошната болница ми велат “Погрешен начин на третирање првично”. Треба да се најде вината, дали е во државата дали е во здравството. Секоја чест за децата од Црвениот крст најголема поддршка беа тие. Изгубени сме, незнаеме што правиме, 20 дена нема откако детето ни почина. Животот повеќе ни нема смисла.”

Толпата од пред Собрание моментално се повлекува и тргнуваат кон МВР каде ќе бараат средба со министерот Тошковски.