Skip to main content
Балкан

Татко и две деца загинаа во пожар во Хрватска

01/08/2026  12:55

Три лица загинаа во пожар во семејна куќа во хрватскиот регион Загорје, објавија тамошните медиуми.

Како што соопшти Полициската управа Крапина-Загорје, Центарот за противпожарни операции примил пријава за пожарот во 7:24 часот.

Локалниот портал Zagorje.com објави дека во пожарот загинале татко и две деца. Соседите рекле дека едното дете завршувало средно училиште, а другото годинава завршило основно училиште.

Соседите за Zagorje.com изјавиле дека слушнале три истрели, по што избувнал пожар. Тие забележале дека сопругата и мајката работеле и не биле дома, но пристигнале откако слушнале дека нејзината куќа гори.