Соопштение на партијата Алијанса за Албанците:
Денес, претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, придружуван од Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, г. Блерант Рамадани, оствари средба со Специјалниот претставник за Западен Балкан, г. Ерик Нестас Матисен, како и со амбасадорката на Норвешка, г-ѓа Кристин Мелсом.
На средбата се дискутираа севкупно предизвиците и можностите со кои се соочува нашата земја, вклучувајќи го евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија и конкретните чекори што треба да се преземат за да се забрза овој пат. Исто така, беше потенцирано значењето на политичките, економските и институционалните реформи кои се усогласени со стандардите на Европската Унија.
Подолу ви го пренесуваме постот на претседателот Арбен Таравари на Facebook:
„Денес остваривме важна средба со г. Ерик Нестас Матисен, Специјален претставник за Западен Балкан, како и со почитуваната амбасадорка на Норвешка, г-ѓа Кристин Мелсом.
За време на средбата, севкупно дискутиравме за актуелните предизвици и можности со кои се соочува нашата земја, вклучувајќи го евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија и конкретните чекори што треба да се преземат за да се забрза овој пат. Потенциравме дека политичките, економските и институционалните реформи мора да бидат во согласност со стандардите на Европската Унија, со заложба за координиран и конструктивен пристап.
Посебен фокус беше ставен и на соработката во областа на здравството помеѓу Северна Македонија и Норвешка