Skip to main content
Македонија

Тага и тишина во Кочани: „Се збогуваме со нашата иднина“

20/03/2025  11:57

Поворката од роднини, пријатели, граѓани и погребалните возила полека се приближува кон градските гробишта. Луѓето пристигнуваат во групи, во тишина, со солзи во очите.

Голем број млади носат црни маици со натпис: „Почивајте во мир, ангели наши“. Болката е неизмерна, ретко кој може да ја задржи тагата.

Меѓу присутните има и лекари и медицински техничари, подготвени да помогнат на оние кои тешко го поднесуваат ова збогување.

„Се збогуваме со нашата иднина“, велат жителите, додека Кочани сведочи на најтешкиот ден во својата историја. Граѓани од целата држава пристигнуваат за да им оддадат последна почит на прерано изгубените животи.