Киднапирани деца од Романија, денеска биле пронајдени во српскиот град Ниш. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска за ова ја информирал министерката за внатрешнира работи на Романија.
Случајот во последните денови ја брануваше романската јавност.
Имено, министерот Дачиќ го информирал својот романски колега дека припадниците на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање криминал и Техничката управа, во соработка со Полициската управа во Ниш, постапувајќи по пријава за кривично дело киднапирање извршено во Романија, уапсен е романски државјанин А.М.(1970) поради сомнение дека ги грабнал неговите три малолетни деца, исто така романски државјани на возраст од 11, 9 и 8 години.