Skip to main content
Хроника

СВР Скопје расчисти кривично дело „изнуда“, лишени од слобода три лица кои изнудувале пари од скопјанец

20/09/2025  20:27

На 19.09.2025 од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава за кривично дело „изнуда“ по чл.258 од КЗ. На 18.09.2025 во Скопје, за време на примопредавање на претходно технички обработени парични средства од страна на оштетениот, од слобода е лишен Р.С., а дополнително во врска со пријавеното кривично дело од слобода се лишени и С.Д. и Б.Ј., кои подолг период изнудувале пари од оштетениот скопјанец.