Skip to main content
Македонија

СВР Охрид најавува отворен ден на пристаништето и избор на најдобар полицаец за одбележување на Денот на македонската полиција

05/05/2026  13:43

Со низа пригодни манифестации, СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи „Запад”,  ќе го одбележат 7 мај, Денот на македонската полиција.

Утре, 6 мај, од 13 до 19 часот, на градското пристаниште во Охрид, во организација на полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро”, ќе се одржи отворен ден на кој, граѓаните ќе можат поблиску да ги видат пловните објекти како и другите материјално технички средства и опрема со кои, своите работни обврски ги извршуваат полициските службеници од езерската полиција.

Централниот настан ќе се одржи на 7 мај во четврток кога СВР Охрид, организира прием за претставници на локалната самоуправа од Охрид и Дебрца, со претставници на органите на државната управа со кои соработува како и за активните и пензионираните полициски службеници. Во таа пригода, ќе биде прогласен најдобриот полицаец.