
Колумна на проф. д-р Иван Анастасовски
Џефри Едвард Епштајн (20 јануари 1953 година – 10 август 2019 година) беше истакнат американски финансиер, но и голем сексуален престапник врз деца, сериски силувач и трговец со луѓе, а за жал кариерата ја почнува како наставник (вработен без диплома од Доналд Бар) во училиштето Далтон. Еден збор е доволен за ваков престапник да се опише – “преварант“ кој преку своето богатство ги врбуваше богатите со цел да се задоволуваат над сиромашните, децата и немоќните преку секс, дрога, канибализам, едноставно човек да се згрози од тоа кога го чита и слуша. Но за ова само може да се потсетам на силните зборови на гитаристот Сантана кој во својата популарна мелодија за Марија ќе напише цитирам: “видите како богатите стануваат побогати, сиромашните стануваат посиромашни“. Да бидам искрен и јас сум силен поддржувач на демократијата и демократските проецеси (но не на ваков идиотизам), и при тоа се борам за глобален слободен свет преку заштита и силни човекови права и секој да може да биде почитуван и воедно конкурентен во тој глобален свет. Но Епштајн и неговата тајфа веројатно забегале, не би сакал ни да помислам што се ќе видиме и слушнеме по објавувањето на неговата интернет комуникација со сите кои биле уживатели и корисници на неговите сеанси.
Што тоа беше неговиот свет: елитна неказнивост – малкумина моќни беа реално санкционирани, секс со деца, канибализам, дрога, оргии и многу други грозоморни работи кои се правле во негова организација. Дури и вчерашното “Греми награди“ помина во препукување на адреса на актуелниот претседател Трапм со дел од добитниците на наградите.
Смртта на Џефри Епстин не ја затвори приказната, напротив ја отвори. Наместо катарза, светот доби уште подлабока недоверба. Наместо правда, остана чувството дека системот повторно се самозаштити. „Светот после Епстин“ не е свет со одговори, туку свет со повеќе прашања отколку кога било претходно. За жал во тој свет ќе има и мозоци од нашата Македонија кои звршиле во американски лаборатории потикнати од лудакот Епштајн.
Случајот Епштајн ја разголе една сурова реалност: моќта не функционира само преку институции, туку преку мрежи. Политика, бизнис, медиуми и правосудство не се изолирани острови, туку поврзани екосистеми во кои одговорноста лесно се губи. Кога ваков систем ќе се соочи со сопствената сенка, најчесто избира тишина, а не правда.
По Епштајн, јавноста стана посвесна, но и поцинична. Луѓето повеќе не веруваат во наративи за „осамен виновник“. Прашањето не е дали имало злоупотреба, туку колкумина тоа го знаеле, премолчеле или во крајна линија профитирале од тоа. Токму таму се раѓа најголемата фрустрација: неказнивоста на елитите создава чувство дека правилата не важат за сите еднакво.
Особено погодена е младата генерација, односно генрацијата Z за која пишував предходно и верувам дека таа е нашата иднина, но за жал таа веќе расте со кризи, несигурност и дигитална преоптовареност, случајот Епстин е уште еден доказ дека институционалната правда е кревка. Кога младите гледаат дека моќта купува тишина, а богатството купува време, нивната доверба во системот еродира. Тоа директно влијае врз нивниот квалитет на живот, мотивацијата и чувството дека трудот има смисла.
Но светот после Епштајн не е само мрачен, тој е и свет на поголема будност, факт е тоа дека табуата паднаа, од друга страна, жртвите (претежно деца) добиваат глас и веројано во периодот кој следи ќе се огласат, а јавноста научи да поставува непријатни прашања. Притисокот за транспарентност никогаш не бил поголем, дури и кога одговорите изостануваат.
Клучното прашање денес не е „што навистина се случи со Епштајн“, туку: што ќе направиме со сознанието дека вакви случаи не се исклучок, туку симптом? Дали ќе прифатиме цинизам како нова нормала или ќе инсистираме на системи што навистина ги штитат ранливите, а не моќните?
Светот после Епштајн е огледало. Не ни покажува само криминал, туку и колку сме подготвени да живееме со неправда – или да ја предизвикаме истата. Би сакал да верувам дека светот после овие “грозотии“ ќе се промени, ќе се исправи и ќе почне да ги штити слабите и немоќните, а до тогаш цитат од гитаристот Сантана ќе биде на сила.
Ставовите искажани во „Колумни“ се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на „24инфо“. Одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
