Skip to main content
Култура

Свечено врачување на наградата „Роман на годината“

18/05/2026  10:22

Свеченото врачување на наградата „Роман на годината“ за 2025 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ ќе се одржи во среда, на 20 мај, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија, цо почеток во 19 часот.

Годинашен лауреат на ова престижно признание е романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Либрис“. Оваа одлука ја донесе петчленото жири во состав: Калина Малеска, Ивана Трајаноска, Иван Антоновски, Иван Шопов и Катерина Богоева. На конкурсот што годинава се одржува по 27-пат пристигнаа дури 46 романи, а жирито ја донесе одлуката со мнозинство гласови, по претходно неколкукратно селектирање на пристигнатите романи.

За музичката придружба на свечената церемонија ќе се погрижи Диџеј Шурбе.

Наградата што се состои од оригинална статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари е поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, а нејзин генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје.