
Додека повеќето луѓе при производството на сирење ја занемаруваат течноста што останува – сурутката, науката и нутриционистите одамна ја прогласиле за вистински природен еликсир. Овој скромен нус-производ, кој настанува при преработка на млекото во сирење или јогурт, содржи сè што е највредно од млекото: протеини, витамини, минерали и ензими кои се од суштинско значење за здравјето на човекот.
Во сурутката преовладуваат витамини од Б-групата, витамин Е, како и калциум, железо, цинк, фосфати и низа други микроелементи. Таа содржи и 23 видови амино киселини, од кои најважни се есенцијалните, потребни за градење мускулна маса и регенерација на ткивата, без да се создаваат масни наслаги. Поради ова, сурутката е омилен природен додаток кај спортисти, деца, трудници и лица во златни години.
Само 100 мл сурутка содржи околу 26 калории, што ја прави совршена за лица кои сакаат да ослабат, но притоа да задржат сила и енергија. Нејзините протеини предизвикуваат чувство на ситост, а нејзината природна лактоза придонесува за здрава цревна флора – исклучително важно за имунитетот.
Сурутката е ефикасна и како природна терапија за црниот дроб, благодарение на бета-лактоглобулинот кој содржи аминокиселини од групата BCAA. Овие соединенија помагаат при регенерација на црниот дроб и се особено важни за лица со хепатитис или масен црн дроб.
Истражувањата покажуваат и дека редовната консумација на сурутка го подобрува расположението, го намалува нивото на стрес и го поттикнува лачењето на хормонот серотонин – познат како „хормон на среќата“. Поради тоа, таа е препорачана и за лица со хроничен замор и депресивни состојби.
Сурутката се користи и во индустриската прехрана – од производство на детска храна и сладоледи, до додатоци во леб, печива и крекери. Сè почесто може да се најде во форма на кисела, слатка или овошно збогатена сурутка, а популарна е и во форма на прав – кој се раствора во топла вода и се пие како замена за оброк.
За најдобар ефект, експертите советуваат да се консумира од половина до еден литар дневно. Најдобро е да се пие свежа, засладена со малку мед или во комбинација со овошје.
Иако долги години била потценета, сурутката денес сè повеќе го добива заслуженото место на трпезата. Таа не е само здрава, туку и вкусна, природна поддршка за телото и умот – вистинско течносто злато на народната медицина и современата нутриција.