Skip to main content
Свет

Судијка на ОН ќе биде осудена за поробување на млада жена во Велика Британија

02/05/2025  12:11

Суд во Оксфорд ја прогласи за виновна судијката на Обединетите нации и Висок суд во Уганда, Лидија Мугамбе (50), за тоа што принудила млада жена да ѝ служи како робинка додека таа студирала докторат по право на Универзитетот Оксфорд.

MK Summit

Мугамбе ѝ забранувала на жртвата да најде редовна работа и ја принудувала да ѝ чисти и чува деца. Таа е осудена за повеќе кривични дела, меѓу кои трговија со луѓе, кршење на имиграциски закони и обид за заплашување сведок, јави ДПА

Обвинителката Каролин Хоги изјави дека Мугамбе ја искористила позицијата и ја довела жената во Велика Британија под лажен изговор, со помош на заменик-високиот комесар на Уганда, Џон Леонард Мугерва. За возврат, таа требало да влијае врз судија во случај во кој бил вмешан Мугерва.

Жртвата, која поради заштита на идентитетот не се именува, изјави дека се чувствувала „осамено“ и „заробено“. Според ОН-профилот, таа била назначена за судијка во мај 2023, три месеци откако полицијата дошла во нејзиниот дом.