Skip to main content
Скопје

Судењето Арсовска – Барути пред крај, градоначалничката со нови обвинувања

28/08/2025  15:05

Пред утрешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, на кое по изведувањето на доказите и сослушување на сведоците, ќе има завршни зборови со кои постапката за насилството влегува во својата последна фаза, на социјалните мрежи објави детали Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.

Командант Барути Љамалари на вчерашното судење се обиде да поднесе кривична пријава за насилство извршено од моја страна врз него.

Тврди дека сум ГО ТEПАЛА со лекарски извештај од ДИГЕСТИВЕН ХИРУРГ изваден отпосле во градска болница, кој му дал потврда по негово кажување дека повреди имал на ногата ќутекот што го јадел од мене.

Судот и обвинителството вчера одбија од него да прифатат кривична пријава, со која командантов Барути Љамалари тврди дека сум го тепала. 

На утрешното судење ќе има завршни зборови, искрено би сакала од него уште еднаш гласно да слушнам како јадел ќутек. Такво време дојде ем да тепаат жени, ем да глумат жртви дека се тепани.