Skip to main content
Скопје

Меџити: Основните училишта во Чаир се подготвени за 1 септември

28/08/2025  15:02

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити, денес го посети Основното училиште „Васил Главинов” во Чаир, при што информираше дека кампањата за чистење и подготовка на основните училишта за почетокот на наставниот процес на 1 септември е завршена.

„Наша обврска е на учениците, кои за среќа се многубројни во Општина Чаир, каде што само бројот на првоодделенци е околу 1.000 деца, да им овозможиме што подобри услови за учење и развој”, додаде Меџити.

За време на оваа посета, Меџити исто така најави дека наскоро ќе го промовира концептот за настава во една смена, почнувајќи од Основното училиште „Конгреси и Манастирит”, од 1 септември.

Првиот вицепремиер Меџити им се заблагодари на раководителите на основните училишта и наставниот кадар за нивната максимална посветеност, за 1 септември да не затекне подготвени да ги пречекаме првоодделенците со достоинство и почит.