
Безживотно тело на 20 годишна девојка денеска било пронајдено во изнајмен стан во Штип.

Денеска (07.05.2026) во 14:48 часот во СВР Штип било пријавено дека во стан во Штип било пронајдено починато женско лице. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за У.Е.(20), државјанка на Република Турција, информираа од МВР.
Увид врши екипа на СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.


