
Четири лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи во населеното место Радешине на главниот пат М-17, Мостар – Јабланица во БиХ.
Како што потврдија од тамошното МВР, починале сопружниците државјани на Република Турција и двајцата родени 1980 година.
Две од нивните деца им подлегнале на повредите во болницата во Коњиц, додека третото е пренесено во болницата во Сараево.