Skip to main content
Македонија

Странски возачи чекаат да ги платат казните од „Сејф сити“, гужва на Табановце

19/08/2026  19:27

На граничниот премин Табановце, денес имало редици од странски возачи кои чекале да платат казни за сообраќајни прекршоци снимени со камерите на „Сејф сити“. Станува збор за прекршоци направени на македонските патишта на кои се поставени камери за автоматско регистрирање на сообраќајните прекршоци.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неодамна изјави дека никој не може да му избега на системот „Сејф сити“ доколку се движи по патиштата во Македонија каде што се поставени камери за мерење на брзината, без разлика дали станува збор за возило со македонски или со странски регистарски таблички. Тој рече дека нема да има исклучоци и дека секој што ќе ги прекрши законите додека се движи низ Македонија ќе биде санкциониран, без оглед од која држава доаѓа.