Skip to main content
Свет

Страмер: Уморен сум од влијанието на Трамп и на Путин врз трошоците за енергијата во мојата држава

10/04/2026  14:17

Британскиот премиер Кир Стармер го изрази своето незадоволство од влијанието на глобалните настани врз зголемувањето на цените на енергијата во Велика Британија, велејќи дека постапките на светските лидери директно влијаат врз граѓаните на неговата земја и економијата.

Стармер, во интервју за Ај-Ти-Ви, рече дека порастот и падот на цените на енергијата зависат од постапките на лидери како што се американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

„Уморен сум кога семејствата низ целата земја гледаат како нивните сметки за струја растат и паѓаат, а сметките на бизнисите исто така се зголемуваат и паѓаат поради постапките на Путин или Трамп низ целиот свет“, рече британскиот премиер.

Тој, исто така, повика на конкретен план за враќање на бродскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец по постигнувањето прекин на огнот на Блискиот Исток.

Според соопштението од Даунинг стрит, Стармер разговарал за ова прашање со американскиот претседател, нагласувајќи ја потребата од брзо решение за да се обезбеди непречен проток на енергија и стоки.