
Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ од утре ќе започне со протести кои ќе се одржуваат секојдневно во терминот од 15 до 18 часот, со блокада на мостот „Близнак“.
Од иницијативата велат дека на ваков чекор се одлучиле поради, како што наведуваат, игнорантскиот однос на институциите кон нивните барања. Според најавите, протестите ќе се интензивираат сѐ додека надлежните органи не излезат со конкретни решенија во врска со проблемот Вардариште.