![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2025/02/whatsapp-image-2025-02-09-at-21.36.49_591dc2f3-1024x543.jpg)
Во најновата епизода на поткаст ЗРАК со д-р Марина Вукашновиќ се зборуваше за улогата во здравствениот систем на медицинските сестри, на техничкиот персонал и персоналот од Брзата помош.
Марјан Стевановски, главен медицински техничар во Брза помош во Здравствен дом Тетово, ги опиша условите во кои работи тој и неговите колеги.
„Тетово само внатре во градот има 100.000 жители, а има и многу села, целиот радиус е 50 километри. Значи ние треба со три тима со две – три возила да го покрие целиот тој терен. Покрај тоа има разни настани и манифестации на кои мора да биде присутна брза помош. Мора да има доктор, сестра, возач. Во такви околоности ние го даваме максимумот, гледаме секаде да одговориме навремено и до сега добро е, но сите се заморни, многу е напорно“ рече тој.
Според него, потребни се повеќе вложувања во Здравствените домови во градовите и во екипите и опремата на Брзата помош.