
Уште една ноќ во долгата и успешна кариера на Стеф Кари, еден од најдобрите бекови на сите времиња, во која тој стигна до значаен јубилеј.
Во победата на Голден Стејт над Сакраменто од 130:104, Кари стигна до бројката од 4.000 реализирани тројки во НБА, а мечот го заврши со 11 поени (4-9 од поле за 30 минути) и 5 асистенции.
-Тоа е бројка за која никогаш не ни помислував, ниту пак ми звучеше реално дури и кога стигнав до 2.974, што е бројка што најмногу ми значи бидејќи така го срушив рекордот, изјави Кари ден пред неговиот 37 роденден.