Skip to main content
Спорт

Ставре Јада со прв настап на ЗОИ: Трката ја заврши на 89. место

10/02/2026  10:34

Македонскиот нордиски скијач Ставре Јада утрово го имаше првиот настап на Зимските олимписки игри во Милано Кортина.

Јада настапи на крoс кантри спринтот од 1,6 километри.

Тој, патеката ја мина за време од 3.59.56 заостанувајќи за над 52 секунди зад првопласираниот.

Јада на крајот го освои 89тото место во конкуренција од 94 тркачи (еден од пријавените тркачи не настапи).

Следниот настап на Јада ќе биде на 13 февруари на трката од 10 километри.