Skip to main content
Балкан

Српската Влада го прогласи 1 ноември за Ден на жалост

31/10/2025  21:04

Владата на Србија донесе Одлука со која утрешниот ден, 1 ноември, се прогласува за Ден на жалост по повод годишнината од смртта и страдањето на граѓани поради уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.

„Владата на Србија донесе Одлука за прогласување Ден на жалост по повод годишнината од смртта и страдањето на граѓани поради уривањето на бетонската настреѓница на железничката станица во Нови Сад. Денот на жалост е одреден за 1 ноември 2025 година“, се наведува во Одлуката на Владата.

Како што објави Владата, Денот на жалост почнува на полноќ на денот определен за ден на жалост, а завршува на полноќ на денот определен како последен ден на жалост.