
На 29.10.2026 во Тетово, полициски службеници лишија од слобода 17-годишен и 16-годишен малолетник од Тетово. Околу 12:30 часот во близина на трговски центар во Тетово, двајцата малолетници физички го нападнале М.Ш.(62) од с.Одри, тетовско и му одзеле пари. 62-годишникот успеал да го задржи 17-годишникот, при што тој со остар предмет му нанел повреда.

Во моментот на настанот поминувала полициска патрола и го лишиле од слобода напаѓачот. Подоцна, по преземени мерки, во 16:15 часот на ул.„Вон Вадарска” во Тетово бил пронајден и лишен од слобода и 16-годишникот. Тие се задржани во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.


