Skip to main content
Македонија

Средба на Муцунски со претседателот на Јапонската надворешна трговска организација – JETRO, Сусуму Катаока

02/05/2025  14:28

Во рамки на работната посета на Јапонија, владината делегација предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во Токио оствари средба со Сусуму Катаока, претседател на Јапонската надворешна трговска организација (JETRO).

MK Summit

Досегашната соработка и можностите за нејзино продлабочување преку конкретни активности и иницијативи за поврзување на бизнис заедниците од двете земји беа во фокусот на средбата.

Министерот Муцунски истакна дека Јапонија е значаен економски партнер на Република Северна Македонија, при што нагласи дека нашата држава нуди одлични услови како стабилна и конкурентна дестинација за инвестиции и трговска соработка.