Skip to main content
Македонија

Средба на министерот Муцунски со државниот министер за Европа во Сојузното министерство за надворешни работи на Германија, Гинтер Крихбаум

14/02/2026  18:31

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, на маргините на Минхенската безбедносна конференција, оствари средба со Гинтер Крихбаум, државен министер за Европа во Сојузното министерство за надворешни работи на Германија.

Во фокусот на разговорите беа актуелните прашања поврзани со европската интеграција и напредокот на државата во процесот на пристапување кон Европската унија. Министерот Муцунски ја реафирмираше стратешката определба за членство во Унијата, нагласувајќи ја посветеноста кон спроведување на реформите, унапредувањето на регионалната соработка, добрососедските односи, како и придонесот кон стабилноста и мирот во регионот.

Соговорниците ги потврдија одличните билатерални односи меѓу двете држави и изразија подготвеност за нивно понатамошно унапредување, со посебен акцент на продлабочување на трговската и економската соработка.