Skip to main content
Балкан

Србија повторно добива нафта преку Јанаф

12/01/2026  20:39

Српската министерка за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, денеска изјави дека во вторник наутро преку нафтоводот Јанаф ќе бидат испорачани првите 85.000 тони нафта, по речиси 100 дена.

– „Рафинеријата во Панчево почнува со работа околу 16 јануари, во секој случај пред крајот на неделата, а очекуваме првиот дизел да излезе од производство и да биде на пазарот околу 26 и 27 јануари“, рече таа.

Министерката нагласи дека државата успеала да го снабдува пазарот без проблеми и дека по првите 85.000 тони се очекува дополнително 35.000 до 45.000 тони нафта следната недела.