Skip to main content
Хроника

Спречен канал на илегално внесување на ловечка муниција на Граничен премин Стар Дојран

29/11/2025  11:05

На 28.11.2025 година на Граничен премин Стар Дојран лишени од слобода се три лица поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик – „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и експлозивни материи”. Од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, Граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и полициски службеници од Фронтекс, во три одделни случаи при извршена гранична контрола за влез во РСМ, кај три лица грчки државјани пронајдени и одземени се околу 200 патрони непријавена ловна муниција.