Skip to main content
Свет

Според Кремљ изјавата на Руте е неодговорна

14/12/2025  19:28

Според Кремљ, изјавата на Марк Руте, генералниот секретар на Нато каде вели Алијансата да се подготви за војна со Русија, е неодговорна.

Руте во говорот во Берлин во четвртокот рече дека НАТО треба да биде „подготвена за војната на минатите генерации“ и дека земјите од Алијансата би можеле да бидат „следната цел на Русија“.

Реагирајќи на изјавата, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им рече на новинарите дека таа доаѓа „од генерација која заборавила каква била всушност Втората светска војна“ и додаде дека Руте не знаел за што зборува.

Русија редовно ги отфрла обвинувањата од НАТО и неколку европски лидери дека Москва подготвува напад врз земја-членка на Алијансата, сметајќи ги таквите тврдења за „глупости“ и насочени кон поттикнување антируски чувства во Европа.