Skip to main content
Македонија

Спасувачки акции на Шара – еден планинар колабирал, други пет се изгубиле

02/02/2025  21:05

Центарот за управување со кризи (ЦУК) доби информација од фирмата „Ескимо Фрирајд“ дека во сабота бил спасен еден (1) планинар што опасно колабирал на високите места кај Титов Врв на Шар Планина, а во неделава спасиле и извлекле во истиот планински предел загубени, во густа магла, пет (5) планинари, коишто се искачиле при сончево време, но кога почнале да се спуштаат, и ги поклопила густа магла при брза метеоролошка промена на времето, па се изгубиле.

Инаку, во сабота едниот (1) спасениот планинар, којшто колабрирал на високите места кај Титов Врв на Шар Планина, бил со група од 20 планинари од коишто 10 биле и многу уморни, па и тие биле превезени, односно биле вратени долу на безбедно, со ратрак на „Ескимо“. Според информациите, колабрираниот планинар би бил во многу голема опасност ако групата самостојно го извлекувала при студеното време, бидејќи извлекувањето на неподвижниот човек би траело повеќе часови и би имало опасност од хипотрермија. Во неделата, пак, времето од сончево, за многу кратко време, се променило околу Титов Врв и групата од пет (5) планинари била „поклопена“ од густа магла при што се изгубиле, иако биле и членови на планинарски клубови од Скопје и Куманово.

Според информациите, во својата 20-годишна работа при зимскиот туризам, со неколку возила „ратрак“ (возило со големи и широки „гасеници“ што може да оди по длабок снег и студени зимски услови) фирмата „Ескимо Фрирајд“ несебично интервенира според можностите во планината и за спасување и извлекување планинари, скијачи и посетители на Шар Планина, што според податоците во една сезона во просек спасувала и извлекувала од различни животозагрозувачки ситуации по околу 50-ина луѓе.