Skip to main content
Македонија

Спасовски: 5 години од ратификацијата на НАТО членството на Северна Македонија

11/02/2025  09:08

Пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ на својот Фејсбук профил напиша:

“Денеска одбележуваме 5 години од ратификацијата на НАТО членството на Република Северна Македонија – историски момент што ја потврди нашата стратешка определба за придонес кон регионалната и глобална безбедност, отворајќи пат за политички, економски и безбедносен развој.

Овој ден е потсетник за важноста на колективната одбрана и мултилатералната соработка, како и за вредностите на демократија, слобода и владеење на правото што ги споделуваме со НАТО сојузниците.

Особено ми претставува чест што овој значаен чин се случи за време на мојот мандат како претседател на Владата на Република Северна Македонија.

Благодарност до сите партнери што ја поддржаа нашата евроатлантска интеграција.”