
Фудбалерите на Мексико со победата од 1:0 над Јужна Кореја обезбедија пласман во следната рунда од Светското првенство. Тие ја постигнаа и втората победа и со шест бодови се на првата позиција во А групата.
Стрелец на единствениот гол беше Луис Ромо во 50.минута.
На првиот дуел од групата Чешка и Јужна Кореја одиграа нерешено 1:1.
Мексико е прв на табелата пред Јужна Кореја која има три бодови, а Чешка и Јужна Африка имаат по еден.
Во последното коло од групата играат: Чешка – Мексико и Јужна Африка – Јужна Кореја.

