Skip to main content
Скопје

Советот на Град Скопје ја прифати иницијативата за дислокација на УСЈЕ

26/12/2025  07:45

По предлог на советниците од Зелен Хуман Град, Советот на Град Скопје донесе одлука за дисклокација на индустрискиот капацитет на ТИТАН Усје во скопска Кисела Вода, соопштија оттаму доцна синоќа.

По 13-часовна седница, Советот на Град Скопје едногласно ја усвои иницијативата на ЗХГ за дислокација на УСЈЕ, со следните за која најавија дека многу посветено ќе се следи нејзиното спроведување.

Во натамошниот текст, детали од Барањето на ЗХГ

– Се задолжува Град Скопје да се обрати до Министерството за животна средина со официјално барање да се испита работењето на Усје и сите големи индустриски загадувачи, како и дали истите целосно ги исполнуваат сите услови, обврски и критериуми кои произлегуваат од важечката дозвола за работа и релевантната еколошка регулатива и во најбрз рок да го известат Град Скопје за резултатите.

– Се бара Државниот инспекторат за животна средина да изврши серија ненајавени вонредни испекциски надзори врз работењето на Усје и сите големи индустриски загадувачи
со цел утврдување на фактичката состојба, почитувањето на еколошките стандарди, дозволените емисии и примената на мерки за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

– Се повикува Општина Кисела Вода врз основа на наодите, параметрите и мислењата добиени од Министерството за животна средина и Државниот инспекторат за животна средина да води особена сметка при понатамошната изработка на ДУПовите како и да ги земе предвид истите при сите идни урбанистички и плански постапки.

– Истата обврска се однесува и на останатите општини во составот на Град Скопје и Град Скопје со цел обезбедување усогласен, одговорен и одржлив пристап во просторното и урбанистичкото планирање во интерес на заштитата на животната средина и квалитетот на животот на граѓаните.

– Се задолжува градоначалникот на Град Скопје да се обрати до владата за да го разгледа начинот за започнување на постапка за дислокација на Усје и сите големи индустриски загадувачи на соодветни места надвор од скопската котлина согласно Законот за животна средина и Просторниот план на РМ

– Овој заклучок да се достави до градоначалникот на Град Скопје, владата на РМ, Министерството за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина и општините во Градот Скопје.