
На иницијатива на Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска во 18 часот неколку стотини граѓани ја започна граѓанската блокада на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во Скопје.
Протестот велат граѓаните е одговор на, како што велат, долгогодишното жртвување на јавното здравје на граѓаните во корист на профитни интереси. „Стоп за Усје“ истакнува дека блокадата е мирен, но решителен протест против континуираното загадување и труење на жителите на градот. Според нив, институциите долго време толерираат проблем кој влијае на здравјето на граѓаните, наместо да обезбедат соодветна заштита.
Поддршка за протестот даде и Советничката група на СДСМ во Град Скопје. Во јавна објава тие порачаа дека труењето на скопјани мора да престане и дека ова прашање не смее да се сведува на дневна политика.
„Ова не е политика, ова е борба за живот. Стоп за Усје“, се вели во пораката на советничката група.
Граѓаните најавија дека доколку институциите продолжат да молчат, протестите ќе продолжат и ќе се радикализираат по завршувањето на празниците, сè додека не се обезбеди чист воздух и заштита на јавното здравје.

