Skip to main content
Скопје

Соработка меѓу Ѓорѓиевски и таксистите – Решенија за ред, безбедност и рамноправност

25/08/2025  16:14

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со претседателот на Асоцијацијата на авто-такси превозници од Скопје, Абдула Рушити, како и со претставници на асоцијацијата. На состанокот се разговараше за предизвиците со кои се соочува оваа професија, а беа предложени и конкретни решенија што, според Ѓорѓиевски, ќе станат дел од неговата програма.

„По победата на локалните избори, такси возачите ќе имаат вистински партнер во институциите. Нашата цел е Скопје да стане град каде секој граѓанин и секој возач ќе се чувствува ценето, безбедно и рамноправно,“ изјави Ѓорѓиевски по средбата.