
Веќе претходно беше објавено дека Александар Карадакоски е сопственикот на фирмата „ММММ кафе доел Кочани“ која раководела со дискотеката „Пулс“ која се запали.
Во јавноста првично протекоа информации дека тој е во бегство, потоа дека е уапсен, а вистината на крај е дека тој е хоспитализиран.
Денес беше објавено дека Карадакоски е еден од педесетината повредени пациенти кои се пренесени во странство. Тој е еден од четирите пациенти кој е пренесен во Литванија.