
Поради сообраќајна незгода на главниот приод кон терминалната зграда на Меѓународен аеродром Скопје, од правецот Скопје кон аеродромот во моментов е воведен изменет режим на сообраќај.
Од ТАВ Македонија информираат дека сите возила се пренасочуваат по алтернативен правец, а до патниците и посетителите е упатен апел да го користат излезот што води кон стариот влез на аеродромот, односно кон старата аеродромска зграда.
Аеродромскиот оператор ги повикува граѓаните да ги следат упатствата на надлежните служби и да планираат дополнително време за пристигнување на аеродромот, сè до целосно нормализирање на сообраќајот.

