Skip to main content
Хроника

Сообраќајна несреќа на патот Велес-Градско, во близина на Караслари – две лица се здобиле со тешки повреди

05/02/2025  20:33

Како што информира СВР Велес, сообраќајна несреќа се случила меѓу товарно возило „волво“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот Д.Н. од кавадречкото село Ваташа и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 61-годишниот Х.У. од Косово.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „фолксваген поло“, додека со повреди се здобил неговиот сопатник 60- годишниот П.К. од село Долно Соње, Општина Сопиште, констатирани во Општата болница – Велес, информира денеска портпаролот на СВР Велес Биљана Ѓаковска. Додаде дека бил извршен увид од увидна екипа од СВР Велес.