
Поради сообраќајна несреќа на излезот од Македонска Каменица, сообраќајот од Македонска Каменица кон Делчево моментално е во прекин.
Според првичните информации до несреќата дошло по судир на две возила.
На терен е увидна екипа од МВР, од каде дополнителни информации најавија во текот на денот.
Поради несреќата сите кои патуваат кон М.Каменица и останатите градови се пренасочуваат преку алтернативниот патен правец Делчево – Бигла.