Skip to main content
Македонија

Сончево и топло со температура до 34 степени

03/06/2025  07:37

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.